Српски прволигаш ја има најоригиналната првоаприлска шега (фото)

Првиот ден од април е наменет за шегата, меѓутоа пандемијата со Коронавирусот го сведе хуморот на минимум. Сепак, има и такви кои и во тешки периоди не го запоставија „празникот“, а дефинитивно наградата за најоригинална првоаприлска шега ја доби српскиот прволигаш Вождовац.

Фудбалскиот клуб од Белград на „Твитер“ објави дека официјално се засили со Бакари Сања, ексфудбалерот на Арсенал и Манчестер сити. Во меѓувреме задолжените за социјалните мрежи на клубот контактирале со Сања да го прашаат дали има нешто против оваа шега, а тој ја поддржа неа и дозволи да се шири вирално на социјалните мрежи.

Инаку 37-годишниот десен бек моментално е без клуб, последно настапуваше во МЛС-лигата за тимот на Монтреал импакт.

https://twitter.com/FKVozdovac/status/1245274870797217793

- Оглас -

Најнови вести