На денешен ден пред две години, Кристијано Роналдо ја изведе мајсторијата против Јувентус кога со фантастичните ножички ги предводеше Кралевите до голема победа во Торино. Се играше првата четвртфинална пресметка во која Кралевите славеа со 3-0, а Роналдо постигна два гола.
Во 64-тата минута, при напад на гостите, Карвахал нафрли во шестнаесетникот, а Роналдо „полета“ пред одбраната на Јуве и постигна еден од најдобрите погодоци во дресот на Реал. Полниот „Алијанц стадион“ му се поклони на Португалецот, додека Зинедин Зидан не можеше да си поверува на што посведочи, па избезумено се држеше за глава. Буфон, пак, при тој шут остана закопан во место, додека Барцаљи немоќно ги крена рацете и се чудеше што се случи.
До крајот на натпреварувањето, Кралевите ја освоија третата последователна европска титула, односно вкупно 13-та, а моментот кога навивачите на Јуве му аплаудираа на Роналдо за мајсторијата можеби беше пресуден за Португалецот по таа сезона да го облече дресот на Старата дама.