Зинедин Зидан во првиот мандат на клупата на Реал Мадрид оствари нешто што на ниту еден друг тренер не му успеало. Трипати во низа ја освои Лигата на шампионите, а во меѓувреме со Кралевите стана и шпански првак во 2017 година. По освојувањето на третата европска титула, односно 13-та за Реал, Зидан го напушти кормилото, но само за да се врати на истото место пред финишот на минатата сезона, кога Кралевите ги загубија сите шанси да освојат трофеј.
Еден од најдобрите египетски фудбалери во историјата Хасан Мидо, смета дека Зидан згрешил што се вратил пак да го води кралскиот клуб.
„Не можеш истата жена да ја жениш двапати. Зидан не донесе ништо ново откако се врати во Реал. Жал ми е, јас сакам Реал да остварува успеси бидејќи ми е омилен клуб“, истакна Мидо.
Оваа сезона Кралевите прво претрпеа елиминација во Купот на Кралот, прекинот на сезоната ги спречи да доживеа црно сценарио во Лигата на шампионите бидејќи по првиот меч против Манчестер сити се во негатива од 2-1 и пораз на домашен терен, додека во Ла Лига бијат тесна битка со Барселона за титулата.