УЕФА демантира: Не е точно дека фудбалската сезона мора да заврши на 3 август

УЕФА денеска на некој начин го негираше тоа било кажано од претседателот Александер Чеферин, дека Лигата на шампионите и Лига Европа мора да завршат до 3 август.

„Беше објавено дека претседателот на УЕФА, Чеферин кажал за телевизијата ЗДФ дека ЛШ мора да заврши до 3 август. Тоа не е вистина. Претседателот беше многу јасен и не определи никакви точни датуми за крај на сезоната“ – појаснуваат од УЕФА.

„УЕФА во моментов ги анализира сите можности за завршување на домашните лиги и европските купови, турнири преку работна група формирана на 17 март. Основен приоритет на сите членови на работната група е чување на општото здравје. После тоа, втора цел е да се најдат решенијуа во календарот за завршување на сите натпреварувања. Има опции за играње во јули и август, ако тоа е неопходно, во зависност од датите на рестартирање на првенствата“ – велат од европската фудбалска централа од Нион.

- Оглас -

Најнови вести