На денешен ден пред 10 години: Меси со четири гола го декласира Арсенал (видео)

На денешен ден, 6 април, точно пред една деценија, фудбалскиот свет посведочи на мајсториите на Лионел Меси. Во реваншот против Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Аргентинецот ги постигна сите четири погодоци во победата од 4-1 на Барселона, со која обезбедија пласман во полуфиналето.

Меси својата генијалност ја покажа уште во првото полувреме кога забележа хет-трик за 21 минута, забивајќи во 21-вата, 37-мата и 42-рата минута, како одговор на изненадувачкиот гол на Бентнер во воведот од средбата на „Камп ноу“.

Конечните 4-1 Меси ги постави во финишот од средбата, па Барса предводена од Пеп Гвардиола се најде меѓу четирите екипи кои се бореа за пласман во големото финале, а претрпеа елиминација од Интер на Жозе Мурињо и Горан Пандев, кои подоцна седнаа на европскиот трон.

За потсетување, погледнете ги мајсториите на Меси:

- Оглас -

Најнови вести