Бугарскиот боксер во тешка категорија, Кубрат „Кобрата“ Пулев, одлучи да донира половина од заработката која ќе ја оствари при борбата со актуелниот светски првак Ентони Џошуа. Бокс-спектаклот кој првично требаше да се одржи на 20 јуни во Лондон, поточно на ултрамодерниот стадион на Тотенхем, се откажа поради пандемијата со Коронавирусот, а сега се бара ново место за одржување и датум.
„Парите ќе ги дадам на лекарите, медицинските сестри и на болниците кои имаат потреба од заштитна опрема во борбата против овој ѓаволски вирус. На нашите херои ќе им дадам 50% од заработката од мечот против Џошуа“, истакна Пулев.
Се очекува Пулев да заработи околу пет милиони долари, што значи 2,5 милиони долари ќе бидат наменети во донации, но прво треба да се одреди нов датум за борбата за ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО титулите, кои се во сопственост на Џошуа.