Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона, пуштени се во продажба дополнителни 500 билети. Тие се за стоење и веќе се пуштени во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.
Цената на билетите е 150 денари. Натпреварот со Барселона е закажан за 11-ти ноември во 17 часот. Овој викенд, Вардарци играат дома со Мешков Брест.