Нејмар нема да го заборави полувремето од мечот со Лил

Веста за трагичната смрт на кошаркарот Коби Брајант пред два и пол месеци го шокираше светот, Првата реакција кај многумина беше дали тоа е вистина, а тоа чувство го имал и фудбалерот Нејмар, кој уште не може да се помири дека неговиот пријател веќе го нема. Нејмар веста за хеликоптерската несреќа во која загина славниот кошаркар ја дознал во соблекувалната, на полувремето од мечот на ПСЖ против Лил.

Нејмар на средбата со Лил даде гол во второто полувреме и погодокот го прослави покажувајќи го бројот 24.

„Коби последен пат го видов во Париз, тој често доаѓаше тука. Имавме близок однос, тој беше одличен човек, светот навистина загуби многу. Неговата смрт многу ме потресе, имавме многу заедничко како спортисти. Му го посветив голот, но и тогаш бев во голем шок. Во соблекувалната ни кажаа што се случило. Прво мислевме дека е некаква шега, но, за жал, не беше шега“, вели Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести