Со изгласувањето на кошаркарскиот мајстор Милош Теодосиќ, комплетирана е најдобарата петорка на Евролигата за изминатата деценија. Српскиот репрезентативец застана рамо до рамо со уште тројца великани, Димитрис Дијамантидис, Кајл Хајнс, Хуан Карлос Наваро, како и младата ѕвезда која е во мисија да ги освои симпатиите на целиот свет, Лука Дончиќ.
Во изборот гласаа тренери, кошаркари и фанови, па токму овие петтмина ги добија гласовите оставајќи најголема трага во европската кошарка од 2010 година до 2020. Меѓу нив има бројни титули во најатрактивното кошаркарско првенство на Стариот Континент, вкупно 11, а Хајнс има дури четири титули, две со Олимпијакос и две со ЦСКА Москва.