Бразилецот Вилијан нема среќа со Барселона и веројатно никогаш нема да заигра за еден од најдобрите клубови на планетата, откако пред две години одби да се пресели на „Камп Ноу“.
Тогаш долго се преговараше со Челзи, а Каталонците понудија 50 милиони евра, но беа одбиени, па Вилијан не стаса на храмот на фудбалот, на „Камп Ноу“.
Сега играта комполетно се сврте, па менаџерите на Вилијан и го нудат на Барселона бесплатно, бидејчи му истекува договорот со Челзи во јуни, но Каталонците не го сакаат.
Му ја паметат „корпата“ што ја добија пред две години, па Бразилецот, кој сега има 31 година може да се прости од сонот да игра за Барселона.
На Вилијан му пропаднаа и преговорите со Челзи, клуб за кој со доста успех игра од 2013 година. Сините од „Стемфорд Бриџ“ му нудат двегодишен договор, Вилијан сака потпис на нов тригодишен договор со поголема плата, што е неприфатливо за Челзи.
Можно е офанзивецот на една од најдобрите екипи во Англија ова лето да се пресели во близина и да остане во Лондон, но во редовите на Арсенал, кој е заинтересиран за крилото од Бразил.