Трката меѓу припадник на италијанската полиција и момче што ја прекрши уредбата за полициски час стана вистински хит и најдобрата трка што ќе ја видите во екот на Коронавирусот.
Популарниот италијански спортски медиум „Калчомеркато“ го објави видеото на кое се гледа како карабинер го брка престапникот што се рекреираше на брегот на Јадранското море.
Трката ја доби поподготвениот, што е и мало изненадување, ако се знае дека припадниците на италијанската полиција ги бие глас дека се меѓу најподготвените на планетата за чување на јавниот ред и мир.
Погледнете за расположение во деновите што и ние и речиси целиот свет ги минуваме во состојба на изолација поради опасниот вирус.
Il runner corre, il carabiniere lo insegue: l'incredibile fuga sulla spiaggia di #Pescara! #coronavirus pic.twitter.com/N79lwv2eqg
— calciomercato.com (@cmdotcom) April 9, 2020