Грција останува максимална по шест одиграни натпревари во квалификациската група Л за Мундобаскетот 2019, на свое тло ја совладаа селекцијата на Србија со 70-63. Во искчучително неизвесната пресметка, победникот се одлучуваше дури во последните минути од средбата, а во тие моменти Грците се покажаа како поискусни и полежни за победа.
Ник Калатес и Џорџос Принтезис го предводеа грчкиот состав со по 15 поени. За тимот кој го предводи Александар Ѓорѓевиќ најефикасен беше Богдан Богдановиќ со 19 поени, Јовиќ додаде 11 поени.