ФИБА ги пролонгираше двата турнири за титулата европски првак, па популарниот Евробаскет во машка и во женска конкуренција ќе се играат во 2022 година, наместо како што беше првично планирано и по распоред идната година од 2 до 21 септември.
Ова е ново големо натпреварување што е пролонгирано, по Олимписките игри, Европското првенство во фудбал, Копа Америка, Светското првенство во атлетика и уште неколку што имаат нов датум на одржување поради Коронавирусот.
Македонија игра квалификации за настап на Евробаскетот, а по двата порази од Естонија и од Русија, следниот меч треба да го играме на 27-ми ноември годинава против Италија на гостински терен.
Три репрезентации од нашата група ќе играат на ЕП 2022, поради тоа што Италија е еден од домаќините, па Македонија треба да биде пред Русија или Естонија за да настапи на континенталниот шампионат.
Организатори на завршниот турнир во женска конкуренција се: Германија, Чешка, Грузија и Италија, додека дамите ќе ги пречекаат Шпанија и Франција за две години.