Кошаркарите кои настапуваат во НБА-лигата ќе земат цели плати на 15-ти април, кога е следниот термин за нивна исплата. Иако НБА не се игра од 11 април и до платата ќе помине повеќе од еден месец без играње, кошаркарите ќе добијат целосни плати, без никакво кратење. Но, за следната тура исплата, која треба да биде на 1 мај, не се знае како ќе биде.
Раководството на лигата е во преговори со асоцијацијата на играчи околу тоа за колку проценти треба да бидат скратени примањата. НБА бара клубовите да им дадат 50 проценти од нормалната плата на играчите, а тие бараат кратењето да биде 25 проценти. Потпретседателот на Унијата на играчи, Си Џеј Мекколум од Портланд, неодамна изјави дека една третина од играчите, значи 150 од вкупно 450-те, ќе имаат проблем бидејќи поради трошоците, живеат од плата до плата.
Коронавирусот го парализираше животот во САД, засега не се знае дали и кога лигата ќе продолжи. Не е исклучено целиот плејоф да се игра без публика, на неутрален терен во Лас Вегас.