Некогашниот англиски репрезентативен напаѓач, Питер Крауч, изјави дека жали што во 2008 година од Ливерпул направил трансфер во Портсмут, бидејќи после неговото заминување од „Енфилд“, црвениот дрес го носеле напаѓачи за кои тој мисли дека биле полоши од него.
„Единствена работа што ме прогонува е заминувањето од Ливерпул во 2008. Кај Рафа Бенитес бев само резервна опција, една од причините поради кои се преселив во Портсмут беше добрата соработка на Стивен Џерард со Фернандо Торес. Но, после 18 месеци кога видов дека Андреј Вороњин и Давид Нгог добија шанса во Ливерпул, зажалив што не останав. Не е лесно да се напушти тим како Ливерпул“ – вели Крауч кој играше за десет клуба во кариерата и даде над 150 гола, додека за Англија даде 22 гола на 42 меча.