Буфон не се откажува од сонот, го продолжува договорот со Јувентус

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, кој има 42 години, подготвен е да го продолжи договорот со клубот од Торино до летото 2021 година, што значи дека ако брани и во следната сезона, кога ќе му истее договорот, Џиџи ќе има 43 години.

Буфон после една сезона во ПСЖ, лани се врати во Јуве, иако знаеше дека ќе му биде резерва на Војчех Шчесни. Сезонава тој бранеше на 11 меча и прими девет гола, а трипати не прими гол. Легендарниот италијански голман решил да остане во редовите на Старата дама и во следната сезона.

Буфон има освоено Светско првенство со репрезентацијата на Италија и еден куп титули во Серија А, но му фали Лигата на шампионите, па со упорното одбивање да замине во пензија, покажува дека уште се надева на трофеј во ЛШ. Откако ќе ја заврши кариерата, Буфон веќе знае и што ќе работи после тоа – тренер во младински категории.

- Оглас -

Најнови вести