И за донации за време на кризен период треба да се има креативност. Маркос Љоренте, играчот за врска кој се истакна како херо на Атлетико Мадрид во реваншот против Ливерпул во ЛШ, одлучи да го стави на аукција дресот кој го носеше на таа средба со кој постигна два гола и го елиминира актуелниот европски првак.
Парите секако, ќе се донираат во битката против Коронавирусот, а почетната цена е 1.500 евра. Досега се приложени повеќе од 100 наддавања, додека акцуцијата ќе трае уште 24 часа.
https://twitter.com/Atleti/status/1248917969347936256