Бундеслигата треба да продолжи на 9 мај, а за да се намали опасноста од ширење на епидемијата со Коронавирус, и судиите ќе бидат заштитени.
Предложено е натпреварите да ги судат арбитри кои живеат во блиска околина на одржување на мечевите за да можат да пристигнат на стадионите во краток рок.
Планот е да ги нема вообичаените контролори кои го оценуваат судењето, а Германците се практични, па најавуваат и специјални маски за судиите.
Веројатно ќе се прифатат и предлозите на водечките епидемиолози во земјата и ќе има околу 20 илјади тестови за Коронавирус, за фудбалерите и за комплетниот кадар што е неопходен да се доиграат преостанатите 9 кола во Бундеслигата.
Навивачи ќе нема и според планот, можно е и дел од следната сезона, односно до почетокот на 2021 година трибините на германските стадиони да бидат празни и да се игра фудбал без публика.