Голема тепачка по завршувањето на мечот го расипа големото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче. Имаше вистинска бркотница по терен, а нашиот репрезентативец Елиф Елмас се обидуваше да ги смири страстите.
Елмас го одигра целиот меч, кој заврши нерешено, 2:2. По завршувањето на дербито се обиде да ги раздвојува завојуваните страни.
Турските медиуми најавуваат дека ќе има строги казни. Ќе се користат и камерите за да се казнат виновниците за инцидентот, кој го расипа одличното дерби на Истанбул.
Инциденти имало и пред мечот, со тепачка меѓу навивачите, а од срцев удар починал навивач на Фенербахче.