Немојте сами да се шишате со ножици, може да завршите како хрватскиот скијач

Најдобриот хрватски скијач во моментов, 27-годишниот Филип Зубчиќ, се обиде сам да си ја истрижи косата, но си го расквари увото. На скијачот на кој специјалност му е велеслаломот, во домашна изолација сакаше да си ги испроба берберските способности и тоа не со машинка, туку со ножици, но не се прослави.

Зубчиќ реши со своите пријатели да ја сподели сликата од крвавото уво и се пошегува на своја сметка.

„Не заврши добро, си го исеков увото. Ништо, глупав сум“, искоментира скијачот, кој не се снаоѓа како фризер, но се пофали со готварски способности, направил блага пита со шумско овошје.

- Оглас -

Најнови вести