Амбициите до плафон: Звучно име седнува на клупата на „новиот“ Њукасл

Њукасл ќе гради супертим во блиска иднина откако ќе се официјализира смената на сопственоста. Ќе се вложуваат огромни суми за да се доведат квалитетни играчи, со кои Њукасл ќе се обиде да ѝ се наметне на големата шестка во Премиер лигата, но ќе им биде потребен и квалитетен тренер да го води тимот.

Затоа, прв кандидат за наследник на Стив Брус на клупата е Масимилијано Алегри, екстренерот на Јувентус и Милан. Италијанецот досега немал прилика да работи надвор од Италија, но успехот со Старата дама со освоени пет последователни Скудета и пласман во две финалиња во Лигата на шампионите, е гаранција дека Алегри може да оствари успех и со клубот од „Сент Џејмс парк“.

Алегри е без работа откако ја напушти клупата на Бјанконерите минатото лето, се поврзуваше со Манчестер јунајтед, ПСЖ и Арсенал, додека се појавија шпекулации дека учи англиски јазик и е подготвен да покаже што знае на Островот.

- Оглас -

Најнови вести