Арсенал веќе подолг период го следи Томас Парти, играчот за врска на Атлетико Мадрид кој ужива голема доверба од Диего Симеоне. Во изминативе сезони го зацврсти своето место во почетниот состав и во доста наврати блескаше за Јорганџиите, што беше доволно за Микел Артета да размисли како да го доведе.
Парти има клаузула од 50 милиони евра и само доколку се активира, Топчиите ќе ги добијат неговите услуги. Атлетико, пак, се обидува да го врзе Ганецот со нов договор, со кој ќе му ја зголемат клаузулата за двојно повеќе, меѓутоа мами приликата да настапува во Премиер лигата.