Познато е дека „Камп ноу“ наскоро ќе почне да се реновира и дека Барселона на него би требало да заигра во сезоната 2021/22.
Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, меѓу кои е и „Марка“, ако челниците на клубот се согласат со идејата за промена на името на стадионот, клубот од Каталонија би можело да инкасира 300 милиони евра.
„Брендот е многу важен во спортот и на крајот на краиштата тоа е нешто што ви дава ресурси да се натпреварувате“, изјави еден од директорите, а пренесува „Марка“.
Во 2015 година беше предложено стадионот да го промени името и тогаш цената беше 200 милиони евра, но откако по три години беше усвоен планот за реновирање на стадионот, кој би требало да се вика „Ноу камп ноу“, клубот ја подигна цената за сто милиони.
Се претпоставува дека американските или азиските компании би можеле да платат олкава цена и за тоа ќе се расправа на почетокот на 2019 година, на големиот генерална седница на клубот.