Војната спречи нов поход на европската круна – Шукер и Јарни биле договорени со Црвена Ѕвезда

Давор Шукер и Роберт Јарни биле договорени со Црвена Ѕвезда за трансфер во летниот преоден рок во 1991 година, период кога „црвено-белите“ беа актуелни европски прваци, открива Љупко Петровиќ.

Тренерот на тогашниот тим на белграѓани вели дека се преговарало и со Славиша Јокановиќ, кој исто така бил пред договор со шампионот, но се во ветар однесе виорот на војната.

„Давор Шукер и Роберт Јарни беа веќе капарисани од Црвена Ѕвезда и требаше да се преселат кај нас во летниот преоден рок во 1991 година. Разговаравме и со Славиша Јокановиќ и бевме блиску до договор и со него. Со тимот што го имавме и со овие тројца како засилувања ќе бевме незадржливи во Европа. Гарантирам дека ќе го повторевме успехот од Бари и тоа мислам повеќекратно“, вели Петровиќ.

Црвено-белите тогаш го продадоа Роберт Просинечки во Реал Мадрид, но останатиот дел од тимот и главните столбови на успехот во Бари, меѓу кои беа и Дарко Панчев и Илија Најдоски играа и следната сезона за Црвена Ѕвезда.

Петровиќ подготвува книга што ќе биде издадена идната година по повод 30-годишнината на освојувањето на европската круна на Црвена Ѕвезда.

Како што е познато по подобро изведување на пенали, белграѓни во финалето во Бари го победија Олимпим Марсеј, а Дарко Панчев прецизно го изведе последниот удар од белата точка и ја донесе единствената титула во КЕШ на екипа од екс-југословенските простори.

- Оглас -

Најнови вести