Фудбалерот заразен од Коронавирусот открива: Ова е најстрашната работа во животот, вистински пекол

Камал Мустафа е 28-годишен шведски фудбалер кој лично ја почувствува силата на опасниот Коронавирус. Мустафа беше голем талент и играше во јуниорската репрезентација на Шведска, но потоа стагнираше во кариерата и сега е дел од третолигашот Одеволд.

Фудбалерот моментно е во болница Молндал и мора да прима кислород. Симптомите од опасниот вирус прв пат ги почувствувал пред неколку недели. Прво почнало да го боли грлото, а потоа и да го губи сетилото за вкус, а почнал да има и висока температура.

На 3 април морал да биде хоспитализиран, откако температурата му достигнала до 41 степени.

„Се сеќавам дека без престан зборуваа со мене на телефон, додека не пристигне Брза помош. Не знам се што зборувавме. Наредното нешто што се сеќавам е дека имаше луѓе во скафандери и ми дадоа маска за кислород“, се сеќава Мустафа, кој додава дека вистинскиот пекол започнал во болницата.

„Во болницата започна вистински пекол. Никогаш во животот немав примено толку многу инјекции. На секој час доаѓаа и ме прегледуваа. Обично не се плашам од ништо, но кога влегов во болницата и кога ги видов сите тие болни луѓе, лекари, медицински сестри… Тоа е најлоѓата работа која ја имам доживеано во животот. Три дена не можев да спијам. Ми даваа апчиња за спиење, но не делуваа. Кога ќе ги затворев очите, едноставно не можев да дишам“, ја расоакжува својата приказна Мустафа.

Шведска е една од ретките земји која во борба со Коронавирусот не одлучи да ги стави луѓето во карантин.  Засега во Шведска има преку 12.000 луѓе заболени од опасниот вирус, а животот го загубиле повеќе од 1.300 луѓе. Во критична состојба се повеќе од 500 луѓе.

- Оглас -

Најнови вести