Светскиот првак во шах, Магнус Карлсен неочекувано загуби во финалето на Бентер Блиц купот и тоа од 16-годишен тинејџер. Прославениот Норвежанец, во финалето на онлајн брзопотезното нокаут натпреварување загуби од Иранецот Алиреза Фироуџа со 8,5-7,5.
Талентираниот 16-годишен Фироуџа моментно е на 21-то место на светската шаховска листа, а оваа победа над светскиот првак му е најголем успех во кариерата. Со оваа победа Фироуџа покажа дека во иднина едноставно може да биде наследник на Карлсен.
16-year old phenom Alireza Firouzja defeated Carlsen 8.5-7.5 in a thrilling match https://t.co/f50T2tERLV pic.twitter.com/pxJrmeRKBK
— SusanPolgar@aol.com (@SusanPolgar) April 16, 2020