Со мечот меѓу Алтин Асир и Копетдан Асгабат, денеска продолжува фудбалското првенство на Туркменистан. Земјата која се наоѓа во централниот дел на Азија, по помалку од еден месец принудна пауза поради пандемијата од Коронавирусот, повторно ја враќа топката на теренот.
По Белорусија, Туркменистан ќе биде само втората земја во светот, што ќе дозволи присуство и на публика на фудбалските мечеви. Фудбал се игра само уште и во Никарагва и Таџикистан, но таму нема фанови на трибините. Возбудувања имаше и во Брунеи, но од пред неколку дена, оваа африканска земја реши да го прекине првенството поради пандемијата.
Во елитната лига на Туркменистан се натпреваруваат осум екипи, а првенството беше прекинато по само три одиграни кола. Токму Алтин Асир кој денеска ќе игра на свој терен, е доминантен клуб и во последните шест сезони се радуваше на титулата.
Стадионот на кој игра актуелниот првак има капацитет од само 500 гледачи, а интересно е дека за противникот го има тимот на Копетдан, кој во клупската историја исто така има шест титули и тоа се двата најтрофејни клуба во оваа земја.