Ѕвездата на Валенсија блескаше најсилно кога голманот и стоперот беа скарани

Валенсија двапати беше европски вицешампион и ги постигна најголемите успеси во ерата во која голманот Сантијаго Канизарес и стоперот Мирослав Ѓукиќ воопшто и не збореле меѓу себе.

„Десет години минав во Валенсија и шест од нив воопшто не комуницирав со Ѓукиќ. Имаше некаков минимален меѓусебен респект, но не говоревме, бевме скарани. Заради атмосферата и духот во тимот не го експониравме толку меѓусебното нетрпение, но немав комуникација со него“, вели Канизарес.

Звучи чудно, но токму во периодот од финишот на минатиот век и почетокот на овој милениум, кога Канизарес и Ѓукиќ беа соиграчи и тоа на клучните позиции во одбраната, а не говореа меѓусебе Валенсија ги забележа најголемите успеси.

Двапати во тој период Лилјаците беа шампиони на Шпанија, двапати играа и во финалето на Лигата на шампионите и го освоија и Купот на УЕФА.

„Добро минимум конверзација имаше меѓу мене и Канизарес, за да не се наруши атмосферата во тимот, но не бевме пријатели. Надвор од терен воопшто не се дружевме, ниту зборевме меѓусебе. Да не кажам се избегнувавме намерно, да не бидеме во близина еден со друг“, вели Ѓукиќ.

Тој беше играч на Валенсија од 1997 до 2003 година, а Канизарес има подолг стаж и беше член на златната генерација на популарните Лилјаци од 1998 до 2008 година и се пензионираше како голман на Валенсија.

На „Месталја“ во тој период пристигнаа и две шампионски круни во домашното првенство, а Валенсија беше најдобра екипа во Шпанија во сезоните 2001/02 и 2003/04, играше две финалиња во ЛШ и ги загуби од Реал во сезоната 1999/2000 и 2000/2001 од Баерн, а го освои Купот на УЕФА со победа против Марсеј во сезоната 2003/04.

- Оглас -

Најнови вести