Претседателот на УЕФА потврди: Фудбал ќе има и оваа сезона!

Фудбалскиот свет со нетрпение го очекува новиот состанок на УЕФА и сите земји членки на европската федерација, кога треба да се донесат конкретни одлуки за тоа што ќе се случува со сезоната која повеќе од еден месец е во прекин. Тоа што засега е сигурно е дека сезоната ќе биде комплетирана, но без присуство на публика на стадионите.

„Примарна цел е здравјето на навивачите, членовите на управите на клубовите и фудбалерите. Мислам дека може да продолжиме да играме пред празни трибини и да ја комплетираме сезоната. Иако навивачите ќе може да ги гледаат омилените тимови само на телевизија, сепак мислам дека и тоа е добра вест во вакви услови“, вели претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Според најавите, нема да постои краен датум кога ќе заврши сезоната, но во исто време би се играле и дуелите од домашните првенства, како и средбите од европските купови. Доколку не се заврши сезоната, голем број на клубови ќе претрпат неверојатно големи финансиски загуби, иако загубите веќе и онака се големи, а плус ќе бидат поголеми затоа што нема да има гледачи на трибините.

„Ако не успееме да ја комплетираме сезоната, економската штета на клубовите ќе биде незамислива. Сепак, уште чекаме дозвола од властите, за да може да ги играме натпреварите без публика. Секако дека играњето пред празни трибини не е добра опција, но е подобра од тоа да не биде завршена сезоната. Нема рок кога мора да се комплетираат сите мечеви во првенството и европските купови“, додава Чеферин.

- Оглас -

Најнови вести