Џошуа едвај чека да влезе во рингот со Фјури: Ќе ве згазам и тебе и Пулев

Ентони Џошуа нетрпеливо ја чека приликата да ги одмери силите со Тајсон Фјури, но за таков спектакл носителот на четирите појаси во тешка категорија ќе мора да почека најмалку до 2021 година, а пред тоа да го совлада Кубрат Пулев.

Борбата меѓу Џошуа и Пулев првично се закажа за 20 јуни, но пандемијата со корона-вирусот ги натера организаторите да ја поместат еден месец подоцна. Што се однесува за Фјури, него го чека трета битка против Дејтон Вајлдер, а таа нема да се случи пред октомври, па затоа дуелот на двајцата Британци најверојатно ќе биде закажан за февруари идната година.

„Не ми пречи што ме сметаат за аутсајдер. Максимално се подготвувам да се соочам со Фјури. Кубрат ќе го згазам бидејќи не е на мое ниво, а потоа тоа ќе му го сторам и на Тајсон“, истакна Џошуа.

Иако сме далеку од таа битка, ваквите изјави ја вжештуваат атмосферата и несомнено е најава за анотологиски спектакл.

 

- Оглас -

Најнови вести