Микел Артета не отстапува од планот да ја обнови дефанзивната линија на Арсенал, па затоа на неговиот радар се најде младиот норвешки стопер Кристофер Ајер. Ајер е еден од клучните играчи на шкотскиот првак Селтик и за неговите услуги Топчиите треба да издвојат околу 25 милиони фунти.
Тоа е сосема прифатлива цена ако се земе предвид трошењето на гигантите на фудбалскиот пазар, меѓутоа фановите се плашат дека може да им се повтори сценариото со Киран Тирни. Шкотскиот лев бек пристигна на „Емирати“ минатото лето, меѓутоа не успеа да ги оправда средствата со честите повреди, па речиси цела сезона беше надвор од терените.
Сепак, Арсенал се надева дека овојпат ќе им се посреќи со шопингот во Глазгов.