Кој да ги разбере Шкотите – Му дадоа титула на клуб со 12 бода помалку од лидерот

Фудбалерите на Талбот во Шкотска се прогласени за шампиони во предвреме завршената сезона поради корона-вирусот, а ова е историски момент што досега не се случил.

Талбот беше третопласиран на табелата со 12 бода помалку од лидерот Килвининг ренџерс и еден помалку од Полок, но Шкотите најдоа чудна формула во која додадоа и малку предвидување и одлучија да објават дека имаат нов првак во таканаречената Вест јуниор лига. Се работи за сениорски екипи од понизок ранг на натпреварување во Шкотска.

Талбот имаше 12 бода помалку до прекинот, но и 9 натпревари за доигрување, за разлика од лидерот Килвининг ренџерс, екипа на која ѝ останаа 5 меча до крајот на шампионатот. Второпласираниот Полок требаше да доигра 8 натпревари, со еден бод повеќе од тазе промовираниот шампион.

Шкотите на база на досегашните резултати и бодови што екипите ги освојуваа на домашен и гостински терен направија проекција дека Талбот во нормални услови би ги престигнал ривалите и би бил шампион, па одлучија така и да постапат.

Покрај тоа, екипата на Талбот е наградена и за успехот во Шкотскиот куп, каде што стигна до осминафиналето и го елиминираа членот на Шампионат лигата, Ер Јунајтед.

Реакциите во Шкотска се бурни и грото од фудбалските симпатизери и спортски фактори велат дека одлуката е смешна и дека треба да се поведе дури и истрага за поништување на потегот Талбот да биде првак.

- Оглас -

Најнови вести