Тамара Горо, сопругата на дефанзивецот на Валенсија, Езекиел Гарај, објави фотографија на која таа е сосема гола, а причината е прославата на бројката од 1,6 милиони следбеници на „Инстаграм“.
Тамара, која е 33-годишен шпански модел и телевизиска презентерка, се сликаше гола свртена со грб, и тоа го сподели со своите 1.600.000 пријатели и следбеници, на кои им се заблагодари. Тамара и Аргентинецот Гарај, кој во минатото настапуваше и за Реал Мадри, имаат две деца.
Ова не е првпат жената на Гарај да објави фотографија на која е без ниту едно парче облека на неа.