Срамна изјава на Адебајор, се фали дека не сака да донира пари

Во светот има многу добри луѓе кои сакаат да помогнат во борбата против корона-вирусот, но има и такви кои се како Емануел Адебајор, најпознатиот фудбалер во историјата на Того. Тој иако долго време игра во странство, настапуваше и за големи француски, англиски и турски прволигаши, кратко беше позајмен и во Реал Мадрид, заработи доволно пари, но не сака да донира. Не е толку проблемот што решил да не дава, туку што се фали со тоа.

„Ќе бидам многу јасен, јас никогаш не донирам, па нема ни сега. Работам и јадам тоа што јас сакам. Има луѓе кои ме критикуваат дека ништо не донирам во главниот град Ломе, има и такви кои мислат дека јас им го донесов вирусот, но тоа е, во таква држава живеам“, рече играчот на Олимпија од Парагвај.

За разлика од него, други африкански ѕвезди, како Самуел Ето и Дидие Дрогба, се вклучија во битката со вирусот.

„Може да ме споредуваат со Дрогба или Ето, но јас не сум како нив. Јас сум Емануел Адебајор и секогаш ќе бидам таков, ќе правам што сакам“, додаде тој.

 

- Оглас -

Најнови вести