Ливерпул очекува бесплатно да доведе една ѕвезда

Иако фудбалот повеќе од еден месец е во застој, сепак фудбалските шпекулации за можните трансфери не сопираат. Според најавите, Челзи летово може да остане без Вилијан. Бразилецот има договор кој го обврзува да остане на „Стемфорд бриџ“ до крајот на сезоната, а потоа е слободен играч.

Вилијан првично одбил да ја продолжи соработката со лондонскиот тим затоа што не најдоа заеднички интерес. Челзи му нуди двегодишен договор, а Бразилецот бара договор кој ќе му обезбеди уште три сезони во тимот каде што игра во последните шест години.

Ситуацијата со Вилијан и Челзи засега ја следат градските ривали Арсенал и Тотенхем, но во преден план сега излезе Ливерпул. Актуелниот европски првак и лидер во Премиер лигата ќе се обиде да го доведе Вилијан на „Енфилд роуд“, и тоа без да потроши ниту едно евро за трансфер.

 

- Оглас -

Најнови вести