УФЦ организацијата за борби во мешани боречки вештини беше меѓу последните федерации кои ги одложија сите настани поради пандемијата со корона-вирусот. Претседателот Дејна Вајт дури до почетокот на овој месец се држеше до одлуката да се одржи 249-тото изданието на УФЦ, меѓутоа САД потклекна на ширењето на вирусот и пред 13 дена се одложија борбите.
Сепак, се чини дека кратко траеше прекинот откако е најавено дека УФЦ 249 ќе се одржи на 9 мај. Тој настан требаше да се одржи на 18 април, на којшто главната битка првично требаше да биде меѓу Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов, меѓутоа Џастин Гејџи се појави како замена за Дагестанецот.
По одредувањето на датумот, во најскоро време ќе се потврди и локацијата каде што ќе се одржат борбите, а се претпоставува дека ќе биде на тлото на Флорида. Секако, настанот ќе се одржи со придржување на мерките за самозаштита од зараза на вирусот Ковид-19, па логично е дека ќе нема публика, а битките ќе се пренесуваат на повеќе интернет-платформи.