Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар, познат по тоа што сака да се забавува, вели дека му недостасува фудбалот и посакува што побрзо да се врати на теренот бидејќи страда од анксиозност. Крилото на ПСЖ не е научен да седи затворен, а проблемот е што не се знае ни кога ќе заврши сето ова.
„Тоа што не знам кога ќе можеме да се вратиме на фудбалскиот терен, ми предизвикува анксиозност. Навистина ми недостасува фудбалот. Сигурен сум дека и навивачите сакаат што побрзо да ги видат фудбалерите на терен. Се надевам дека тоа ќе се случи што побрзо“, вели Бразилецот.
Играчот за кој во 2017 година ПСЖ плати 222 милиони евра, изолацијата ја минува на луксузен имот на 100 километри од Рио де Жанеиро. Нејмар пред четири години за вилата плати 8 милиони евра. На располагање има и тениски и одбојкарски терен, базени и хелиодром. Тој таму не е сам, со него се најблиските пријатели.