Датумот кој во ПСЖ засекогаш ќе го памтат, а најзаслужни за тоа се легендарните Сафет Сушиќ и Жерар Улие

На денешен ден пред точно 34 години, Пари Сен Жермен за прв пат стана првак на Франција. Клубот нема некоја голема историја, во август оваа година треба да прослави 50 години од формирањето. За половина век постоење, ПСЖ има осум шампионски титули во Франција и е на два трофеи од рекордот на Сент Етјен кој 10 пати бил првак.

ПСЖ е клубот кој доминира во Франција во последниве неколку години и освои шест шампионски пехари во последните седум години. Светците сега се доминантни, но во минатото не било така. Првата титула, ПСЖ ја освои во 1986 година, а таа дојде како награда за добрите игри во претходните сезони, кога го освојуваа Купот во 1982 и 1983 година.

Во таа историска сезона за ПСЖ, парижани станаа шампиони со 56 освоени бодови (се доделуваа по два бода за победа), пред Нант со 53 и Бордо со 49 бодови. На клупата на ПСЖ таа сезона беше легендарниот Жерар Улие, а еден од главните ѕвезди во тимот беше некогашниот југословенски репрезентативец Сафет Сушиќ, кој постигна 10 погодоци таа сезона.

ПСЖ подоцна беше првак и во 1994 година, а по доаѓањето на богатиот арапски газда, клубот стана доминантен во Франција во послдните неколку години. Сепак, секогаш ќе се памти таа 1986 година и освојувањето на првата титула на Светците.

- Оглас -

Најнови вести