ФИФА изнезе предлог да се смени правилото околу измените, односно да се додадат уште две и на тој начин секоја екипа во текот на натпреварите да може да извршува до пет измени. Овој предлог допрва треба да се усвои од страна на Меѓународниот совет на фудбалските асоцијации и најверојатно ќе се случи тоа.
Целта е да се минимизираат повредите кај фудбалерите кои веќе месец и пол се надвор од активности, настрана секојдневните вежби додека се во самоизолација. Од ФИФА знаат дека формата на играчите не е на потребното ниво, па затоа додавање на уште две измени и тоа како ќе биде од полза на сите откако фудбалот ќе се врати на програмата.
Претходно измена во овој сегмент од фудбалот беше додавањето на четврта измена во натпревари кои се доигруваат во продолженија.
FIFA: Confirms it has proposed up to five substitutes during a match in all competitions. Needs approval of lawmakers IFAB. #SSN #FIFA #IFAB #COVID19
— Bryan Swanson (@skysports_bryan) April 27, 2020