Борбата со корона-вирусот може да ги принуди фудбалерите да заборават на плукање на теренот за време на мечевите по рестартот на шампионатите.
Според претседателот на медицинскиот комитет на ФИФА, Мишел Д’Ог, потребно е да се забрани плукање, а евентуално ако некој не го почитува тоа правило, да добие жолт картон.
„Плукањето е честа практика во фудбалот и не е многу хигиенска, а добар начин е за распространување на вирусот. Прашањето е дали е можно да се минимизира таа појава, можеби ќе успееме ако се покажува жолт картон”, смета Д’Ог.