Славниот аргентински „Бог на фудбалот“, Диего Марадона, на необичен начин успеа да избегне испаѓање од аргентинската Суперлига со неговиот клуб Гимназија Ла Плата, а целата заслуга за „успехот“ е кај корона-вирусот и одлуката на Фудбалската федерација на Аргентина која реши да ја прекине сезоната и да нема испаѓање.
Тимот чиј тренер е Марадона со сигурност ќе испаднеше ако се доиграше сезоната, но суеверните аргентински медиуми пишуваат за „Чудото во Ла Плата“ за кое наводно се погрижила „Божјата рака“. Таа „Божја рака“ го постигна голот и против Англија во четвртфиналето на СП 1986 година.
„Ова што се случи со Гимназија, многумина го нарекуваат нова Божја рака. Ја молам истата таа рака да ја истера оваа пандемија од нас луѓето и да сите да почнат повторно да си ги водат животите во здравје и среќа“, рече Марадона.