Душан Мацура, некогашниот кошаркар на Црвена ѕвезда, на интересен начин ја отвора играта Скочко во познатиот квиз „Слагалица“ кој се прикажува на српската национална телевизија РТС.
Поранешниот перспективен центар кој со Ѕвезда во 1998 година ја освои титулата првак на СР Југославија, сега е финалист на „Слагалица“ и во полуфиналето постави рекорд по бројот на поени. Но, она што привлекува внимание и е фактот дека во играта Скочко Мацура секогаш почнува со три срца и ѕвезда, со што сака да покаже дека клубот кој има ѕвезда во името уште му е на срце.
Мацура по Ѕвезда, играше во Норвешка, Португалија и Иран, а беше и младински репрезентативец на Југославија. Има работено со големи тренерски имиња, како Михајло Павичевиќ, Ранко Жеравица и Аца Петровиќ.