Некогашниот француски првак Олимпик Лион го доби епитетот на најголем губитник во француското првенство. Властите во Франција одлучија да се одложат сите спортски настани до септември, а тоа значи дека шампионатот во фудбал е завршен.
Иако шампионатот не заврши, одлуката беше Пари Сен Жермен да биде прогласен за првак. Светците беа убедливи лидери со 12 бода повеќе пред Олимпик Марсеј и еден меч помалку, па одлуката беше ПСЖ да го освои шампионскиот пехар.
Според моменталната табела во Франција, освен ПСЖ, во Лигата на шампиони место си обезбедија и Олимпик Марсеј и Рен кои беа на втората и третата позиција. Во Лигата на Европа ќе продолжат Лил, Реимс и Ница, додека од елитното друштво ќе испаднат Амиенс и Тулуз, додека влез во првата лига си обезбедија Лориен и Ленс.
Во целата оваа ситуација, за најголем губитник се смета некогашниот француски првак Олимпик Лион. Тоа е екипата која заврши на седмото место на табелата и само за еден бод не се избори за место во Лигата на Европа. Ваквиот расплет е шокантен за Лион, затоа што тоа е клуб кој во последните 23 сезони стандардно секогаш играше во натпреварувањата на УЕФА. Сега, поради пандемијата со Коронавирусот, Лион остана без излез во Европа.
Клубот кој нема да го гледаме во европските купови најави дека ќе се жали затоа што проценката е дека ќе загуби десетици милиони евра. Последен пат Лион без место во европските купови беше во 1997 година.
Olympique Lyonnais has taken note of the decision proposed by @LFPfr.
Press release ⤵️https://t.co/rd6s0Emh7N
— OL English 🇬🇧 (@OL_English) April 30, 2020