Ах тој кобен 1 мај – светот засекогаш ќе го памти виртуозот во Ф1 Аиртон Сена

Меѓународниот ден на трудот 1 мај, во светот на спортот е запишан со црни букви. Тоа е денот кога загина еден од најдоголемите спортисти во историјата. Денот кога во си замина легендарниот Ф1 возач Аиртон Сена. Бразилецот кој воодушевуваше со својата храброст и желба да стигне до првото место на секоја трка во најбрзиот циркус во светот.

Како трикратен светски првак многумина го сметаа за најдобриот возач во историјата, бестрашен да влезе во секој свиок и на крајот да излезе како победник. Така беше се до кобниот 1 мај 1994 година и трката за Големата награда на Сан Марино на патеката „Имола“.

Свиокот Тамбурело беше кобен за Сена. Се возеше седмиот круг кога со брзина од 309 километри на час Сена се приближуваше до кобната кривина. Бразилецот изгуби контрола над болидот и обидувајќи се да успори, со брзина од 211 километри на час се удри во ѕидот од патеката. Спортскиот свет тогаш занеме. Аиртон Сена беспомошно седеше во искршениот болид, а иако брзо пристинаа и лекарските екипи, немаше спас.

Најголемиот возач во историјата на Ф1 си замина на тој 1 мја 1994 година, но засекогаш ќе остане сеќавањето за бестрашниот Аиртон Сена кој во легендите замина до 41 победа и три светски титули. И на трката на која што загина, Сена загина како лидер, беше прв до тој кобен момент. Бразилецот имаше само 34 години.

 

- Оглас -

Најнови вести