Надал растура на коњички трки, четири победи по ред! (Видео)

Коњичкиот спорт работи со полна пареа во САД и покрај пандемијата од корона-вирусот, а интересно е што викендов на Дерби Арканзас, настан кој е во втора дивизија, триумфираше грло со интересно име – Надал.

Коњот кој го носи името по славниот шпански тенисер доминираше и веќе има четири победи сезонава на четирите трки на коишто учествуваше. Грлото кое го носи името на славниот тенисер е на лидерска позиција во генералниот пласман, а негов џокеј е Џоел Розарио.

- Оглас -

Најнови вести