Ќе се игра и на Балканот: Србите со скратено првенство почнуваат на 30 мај

Фудбалската федерација на Србија донесе одлука да продолжи со сезоната на 30 мај, меѓутоа првенството ќе биде скратено на 30 кола. Наместо сезоната да трае 37 кола според стандардниот формат, каде што по 30-тото коло лигата се дели на плејоф и плејаут, само четири кола ќе го донесат шампионот на нашиот северен сосед.

Србите први од Балканот одговараат на предизвикот да се вратат на терените во текот на пандемијата со корона-вирусот. Суперлигашите ќе истрчаат на терените по 77 дена, а дотогаш имаат околу три недели за подготовки.

До прекин на сезоната дојде по 26 одиграни натпревари, со преостанатите четири кола српското првенство се очекува да заврши до средината на јуни. Останува одлуката Купот да се одржи според планот. Последните три рудни ќе се одлучуваат во еден натпревар, а термините се 3 јуни (четвртфинале), 10 јуни (полуфинале) и финалето на 25 јуни.

На четири меча до крајот на првенството, Црвена ѕвезда со 11 бода повеќе од градскиот ривал Партинзан е во огромна предност да биде старонов првак.

Федерацијата дополнително ќе дискутира со екипите кои се борат за опстанок и нивниот статус, а наводно можно е проширување на лигата за две места.

- Оглас -

Најнови вести