Работите постепено се враќаат во нормала, вклучувајќи го и спортот во Европа, пред сè фудбалот. Откако се потврди враќањето на Бундеслигата, се разбудија уште неколку федерации кои одредија продолжување на сезоната. Таков пример од Балканот е Србија, а сега и Tурската фудбалска федерација одреди датум за рестарт на активностите.
Суперлигата и останатите две првенства во Турција, како и аматерските лиги стартуваат на 12, 13 и 14 јуни. До крајот на јули би требало да се добие националниот шампион, со оглед на тоа дека останаа осум кола пред застојот поради пандемијата со корона-вирусот, а за титулата се борат Трабзонспор, Башакшехир и Галатасарај.
Доколку работите се одиваат во најдобар ред, од таборот на Турската федерација се надеваат дека ќе го задржат домаќинството за финалето во Лигата на шампионите, кое првично требаше да се игра на Олимпискиот стадион во Инстанбул пред УЕФА да ги одложи настаните. Натпреварувањето во европските првенства, според најавите, треба почне на почетокот од август.