Апелационен суд ја поништи одлуката за првенството да биде прекинато

Уште пред еден месец Одборот за професионален ракомет во Данска донесе одлука да биде прекинато првенството и да биде прогласен шампион, но и екипи кои ќе испаднат. На оваа одлука се жалеа трите клуба кои беа последни на табелата и едноставно беа исфрлени без да имаат шанса до крајот да се изборат за опстанок.

Токму затоа, екипите на Алборг, Нортсјиланд и Одер упатија жалба до Апелационениот суд и ја добија. Апелационениот суд ја поништи одлуката за прекин на првенството во Данска.

„Одлуката на Одборот за професионален ракомет од 7 април 2020 година е невалидна“ стои во пресудата на Апелационениот суд.

Сега треба да се бара ново решение, кое може да биде и доигрување на ракометното првенство во Данска или да не бидат исфрлени од елитната лига трите клуба кои беа на последните три позиции во моментот на прекинот.

 

- Оглас -

Најнови вести