Во Јувентус треба да дојде омилениот играч на Сари од Челзи

Бразилецот со италијански пасош Жоржињо е прв на листата на желби за засилување на Јувентус. Жоржињо, кој е дел од тимот на Челзи, е еден од омилените фудбалери на тренерот на Старата дама, Маурицио Сари.

Стратегот минатата сезона беше на чело на Челзи и беше презадоволен од Жоржињо, па верува дека ќе има голема корист од него и доколку дојде во гигантот од Торино. Претходоно заедно имаат соработувано и во Наполи, па сега е многу веројатно дека Сари ќе го повлече италијанскиот репрезентативец и во Јувентус.

Од Челзи најавуваат дека нема да се откажат од Жоржињо, а неговата трансфер цена се проценува на околу 35 милиони евра, сума која и не е толку голема за еден гигант како Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести