Француското фудбалско првенство е прво и засега единствено од Топ 5 лигите во Европа кое реши да го прекине натпреварувањето и како конечен да се смета пласманот на екипите во моментот на прекинот. На тој начин ПСЖ беше прогласен за првак, а Килијан Мбапе ја доби наградата за најдобар стрелец во прекинатото првенство.
Ѕвездата на ПСЖ заврши со 18 погодоци, исто колку што имаше и Висам Бен Једер од Монако, но фудбалерот од малото кнежество сепак извиси. Самиот Мбапе знае дека Бен Једер е неправедно заборавен и тоа го објави преку својот твитер профил барајќи и Висам Бен Једер да добие иста награда за најдобар стрелец во првенството. Мбапе посочи дека во Англија знаеле да дадат две награди за најдобар стрелец ако двајца играчи имаат ист број на погодоци.
„Благодарам на сите на честитките, но сепак мислам дека и Висам го заслужува овој трофеј, како што тоа беше направено минатата сезона во Премиерлигата“, напиша Мбапе.
🏆🥇
Merci à tous pour vos messages.
Je pense par contre que Wissam aussi mérite un trophée, comme ça s’est fait en Premier League la saison dernière pour récompenser son année 🤷🏽♂️…
🤝 @WissBenYedder #UnTrophéePourWissam https://t.co/M3TA5Gd4SJ— Kylian Mbappé (@KMbappe) May 8, 2020